Шампињони во чили сос
Еден пикантен вкус за љубителите на печурките.
За почеток кромидот исецкајте го по должина.
Ставете го да се пржи на маслиново масло.
Покријте со капак да си динста.Додајте го и ситно сецканото лукче.
Кога се ќе смени боја,како стаклена, додајте ги печурките , ако се мали оставете ги цели,а ако се поголеми исецкајте ги на половинки.
(Претходно исчистете ги убаво и исецкајте ги кај рачката )
Промешајте и оставете да динста.
Печурките ќе си пуштат како водичка па нека покрчкаат,повремено мешајќи ги..
Зачинете ги со сол и црн бибер. Додајте го чили сосот.Јас ставив слатко лук сос што дополнителному даде убав вкус на јадењето.
На крај полејте го со сок од лимон и магдонос.
Промешајте и сервирајте.
Ние го комбиниравме со узо,а вие одлучете сами )))))
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови