Прво се матат јајцата со шеќерот, постепено се додаваат водата, оревите брашното, пецивото.
Убаво се промешува и смесата се дели, на 2 дела се истура во 2 исти плеха и се печи.
На страна во тенџере на оган се ставаат млекото, шеќерот, густинот и изматените јајца и се варат до згуснување. Се лади.
Се додава 250 гр изматен маргарин.
Филот се дели на 2 дела.
Во едниот се става растопеното чоколадо.
Во вториот фил се ставаат исецканите смокви.
Корите се попрскуваат со шербет.
Се филува кора, жолт фил, кора, црн фил.
Се декорира по желба.

Оваа торта е од стариот тефтер на мајка ми, значи стар рецепт, но многу вкусна торта.
Пробајте да ја направите и уживајте во неа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани