АФТЕР ТОРТА
Чоколаден колач со вкус на мента. Прво на тивок оган се ставаат путерот, чоколадото и малите афтер ејт чоколатца да се соединат. Нека се подизлади малку смесата. Во вангличка се ставаат јајацата и шеќерот и се мати да побелат. Се исклучува миксерот се додава подизладената смеса, па какаото, брашното, пецивото. Се пече во тава бр 20.Јас печев во округлата , силиконска на делимано. Се пече околу 15 минути на 180 степени.Се остава колачот да се лади во тавата. Сега на тивок оган се соединуваат слатката павлака, чоколатцата, пеперминт бомбоните. Од како убаво се соединиле ги истураме врз испечениот колач. Не чекајте одма убаво да се стегне, сервирајте со топка сладолед и уживајте.