15
јун
2015
Чоко топчиња
Одличен десерт за љубителите на чоколадо. Брзи, вкусни и лесни за подготовка.
1. Јајцата и шеќерот се матат и се варат на пареа. Јајцата се тргаат од оган и во нив се додава 100 гр растопено чоколадо.
2. Откако смесата ќе излади се меша со претходно изматениот маргарин, додека да се изедначи.
3. Во смесата се додаваат мелените ореви, мелените бисквити и 100 гр рендано или сецкано чоколадо, сето убаво се меша и се оформуваат топчиња. Ставете ги во фрижидер малку да се стегнат, па потоа чоколадирајте ги.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови