Подготовка:

1. Се матат 3 белки во цврст шам, со постепено додавање на 3 лажици шеќер. Потоа се додаваат жолчките, 3 лажици инстан какао, 3 лажици брашно, 1 пециво и 1 лажица масло и нежно се промешува. Добиената смеса ја распоредуваме на хартија за печење и се печи на 180С-15мин. Вака се прават и преостанатите бисквити. Значи треба да излезат 4 бисквити.
2. Фил 1- Во сад ја ставаме киселата павлака, шеќерот и плазмата и промешуваме-без миксер. Филот е готов.
3. Фил2- Се миксира хоплата да се добие густа пена.
4. Првата кора ја ставаме на тацна, ја попрскуваме со 100мл чоколадно млеко, ставаме фил 1, па фил 2, втора кора, попрскуваме.......до крај. Најгоре ја обложив со фондан. Тортата преубаво се сечи, а за вкус е прекрасна. Пробајте направете ја.
ПС-Тортата ја направив за крштевката на малиот внук Стефан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани