Подготовка:

1. Морковите ги лупиме и ги сецкаме на кругови. Ги ставаме во блендер заедно со шеќерот, јајцата, млекото и зејтинот. Блендаме додека не добиеме еднолична течност. Ја префрламе смесата во подлабок сад. Го додаваме брашното (претходно просеано) и пецивото и мешаме енергично со жица. 

2. Тестото може да се пече целосно, па потоа да се сече на половина или да се пече во два посебни калапи од 15цм. Печеме во загреана рерна на 180 степени 40-45 минути.

3. Печеното тесто оставаме да се олади и двата дела ги премачкуваме со тенок слој мармалад од кајсии. Ги ставаме двата дела еден врз друг и притискаме благо за да се залепат.

4. Чоколадото го топиме на пареа со путерот и оставме да се олади најмалку 30 минути. Го излеваме врз тортата и со помош на нож премачкуваме од страните. Оставаме да се стегне добро, пред да сечеме. Јас декорирав со морков.
Брз и лесна за правење, вкусот малку потсетува на захер торта.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани