1. Готовата кора за торта ја сечеме на два дела.
2. Млекото од кое сме одвоиле 100мл го ставаме да почне да врие.
3. Ги раствораме пудинзите заедно со шеќерот ги додаваме кон млекото.
4. Откако пудингот ќе се свари и згусне, додаваме путер и чоколадо. Мешаме до соединување на смесата. Карамел кремот ни е готов.
5. Оставаме кратко да подолади и го нанесуваме врз корите. Кора фил кора фил.
6. Оставаме во фрижидер да се стегне и соедини.
Забелешка
Користев од чоколадните готови кори на Винчини.