Чоколадна мус торта
1. Бисквитите се кршат на ситни парчиња и во нив се додава претходно растопениот путер. Двете состојки се мешаат додека не се спојат, а потоа смесата се става во тава бр. 26 и убаво се притиска. Се пече 5-6 минути на 220 степени.
2. Чоколадата се топи на пареа и се трга настрана.
3. Слатката павлака се мати со миксер.
4. Се оделуваат белките и жолчките. Жолчките се матат заедно со шеќерот додека не се добие кремаста смеса. Потоа се додава растопената чоколада и слатката павлака и се меша со миксер додека состојките не се соединат.
5. Белките се матат со миксер додека не се добие црврста пенеста смеса и полека се додаваат и се мешаат со шпатула за смесата да остане воздушеста.
6. Така подготвениот фил се става врз подлогата од бисквити и убаво се израмнува.
7. Врз тортата се наросуваат мелени ореви и се става во фрижидер да отстои 4-5 часа.
Лиценца: Сите права се задржани