Налик на чизкејк само многу побрза и поевтина варијанта, а резултатот фантастичен, тортата е превкусна, кремаста, лапни голтни. Подготовката е едноставна и брза.

Подготовка

Прво подгответе ја подлогата, искршете ги бисквитите, додадете го какаото и додадете го претходно растопениот путер. Измешајте убаво и оваа смеса натапкајте ја во калапот за торти со обрач. Ќе ви треба не многу голем калап, најдобро 24-26цм.

Потоа растопете го чоколадото за филот и тргнете го на страна малку да се олади. Изматете го кремот за готвење кој претходно мора да седи во фрижидер на ладно, откако ќе се згусни и ќе се направи како крем, додадете ја киселата павлака, шеќерот во прав и растопеното чоколадо и кратко изматете колку да се соеднинат сите заедно. Нанесете го филот рамномерно врз подлогата и веднаш ставете ја тортата во замрзнувачот.

Подгответе ја глазурата по 10тина минути, растопете го чоколадото во кремот за готвење, додадете и какао крем и загревајте и мешајте додека не се изедначи смесата. Извадете ја тортата од замрзнувачот и прелејте ја глазурата врз филот и повторно вратете ја во фрижидер убаво да се излади. Декорирајте по желба. Тортата се прави буквално за половина час. Воопшто не е мачна, а за вкусот нема расправа, превкусна е. Од тортата излегуваат 12 парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови