Испечати

Чоколадна крем торта (без печење)

Чоколадна крем торта (без печење)

Состојки

  • Подлога
  • 150 г ситно кршени Винчини петит бер бисквити
  • 2 лажици какао
  • 100 г растопен путер
  • Фил
  • 500 мл кисела павлака 20% масленост
  • 300 мл неутрален крем за готвење
  • 300 г чоколадо (користев 2 темни и 1 млечно чоколадо со бисквити)
  • 100 г шеќер во прав
  • Глазура
  • 200 мл неутрален крем за готвење
  • 100 г чоколадо за готвење
  • 1 полна лажица Винчини какао крем

Подготовка

Налик на чизкејк само многу побрза и поевтина варијанта, а резултатот фантастичен, тортата е превкусна, кремаста, лапни голтни. Подготовката е едноставна и брза.

Подготовка

Прво подгответе ја подлогата, искршете ги бисквитите, додадете го какаото и додадете го претходно растопениот путер. Измешајте убаво и оваа смеса натапкајте ја во калапот за торти со обрач. Ќе ви треба не многу голем калап, најдобро 24-26цм.

Потоа растопете го чоколадото за филот и тргнете го на страна малку да се олади. Изматете го кремот за готвење кој претходно мора да седи во фрижидер на ладно, откако ќе се згусни и ќе се направи како крем, додадете ја киселата павлака, шеќерот во прав и растопеното чоколадо и кратко изматете колку да се соеднинат сите заедно. Нанесете го филот рамномерно врз подлогата и веднаш ставете ја тортата во замрзнувачот.

Подгответе ја глазурата по 10тина минути, растопете го чоколадото во кремот за готвење, додадете и какао крем и загревајте и мешајте додека не се изедначи смесата. Извадете ја тортата од замрзнувачот и прелејте ја глазурата врз филот и повторно вратете ја во фрижидер убаво да се излади. Декорирајте по желба. Тортата се прави буквално за половина час. Воопшто не е мачна, а за вкусот нема расправа, превкусна е. Од тортата излегуваат 12 парчиња.