Многу брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде. Одлично е во секое време, посебно за време на пости.

Подготовка:

1. На малку масло пропржете го исечканиот кромид, да застакли, па ставете ги исечканите лути пиперчиња и кратко пржете.
2. Додајте го гравот, наутот, исечканите маслинки и пржете 2-3 минути.
3. Ставете ја салцата, ако имате домашна уште подобро, ставете го виното и зачинете. Нека вари пак 2-3 минути.
4.На крајот ставете ја исцедената туна, претходно, со вилушка искршете ги покрупните парчиња, нежно промешајте и оставете на тивок оган да крчка 5-6 минути. Послужете со чаша црно вино и уживајте. Состојките се таман за двајца.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови