Цимет и кокос колачи
1. Во сад се става квасецот со млакото млеко.
2. Се додава путерот на помали делови, шеќерот и солта и убаво се меша.
3. Се додава брашното и се меси тестото од прилика 5 мин. Се остава да стаса 30 мин.
4. Тестото се размесува на маса поросена со брашно и се дели на 4 делови.
5. Секој дел се сучи како правоаголник.
6. Се мачка кората со путер на собна температура, се поросува со цимет и шеќер или со кокос и шеќер.
7. Се врти како ролат од подолгата страна. Се сечат 10 колачи од секој дел.
8. Се стават колачите во корпи и се редат на плех. Се оставаат да стасаат 40 мин.
9. Се мачкаат со изматено јајце и се поросуват со крупен шеќер.
10. Се печат во загреана рерна на 225 степени 5 до 10 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови