Во млакото млеко ставете ја едната лажица шеќер и една брашно заедно со изронетиот
квасец и оставете 5-10 минути да се запени.
Оставете малку брашно, а другото истурете го во длабока вангла за месење и во него
додадете ги сите состојки, па замесете тесто со додавање на останатото брашно. Во
зависнот од млачината на водата и типот на брашното имајте предвид за варијацијата од
точно зададената мерка на кг брашно.
Тестото покријте го и оставете го да се дуплира.
Дуплираното тесто префрлете го на работната маса и вадете топчиња малку поголеми
од пингпонгарски. Доколку користите тепсија бр 30 би требало да се потребни 27
топчиња, од кои во првиот ред ќе влезат 22, во вториот 18, во 3от 14 и едно за во
средината на погачата.
Јас работев одокативно и во помала тепсија, во број 26 чинам дека беше, па остатокот
од тесто го испеков како бобици кои се гледаат во дополнителните фотографии.
Топчињата доколку не е топло и не нараснуваат за брзо покријте ги со фолија и оставете
ги 20на минути да отстојат. Кај мене нараснуваа за брзо. Битно е само да се запазува
редоследот на оформените топчиња, па така се почнува од првооформените и едно по
едно со сукалка се расукуваат во овал во кој се става од сирењето измешано со белка и
павлака (јас користев само сирење и одлична беше и така) и се витка во кифличка.
Секоја кифличка се сечи на половина, но накосо и се редат во намастената и
набрашнетата тепсија. Првиот ред се реди по крајот и малку поткренати (потпрени на
рабовите од тепсијата), па вториот и третиот меѓу секоја од долните кифлички исто така
полу исправени, т.е. со косина и на крај последното топче се става во центарот.
Јас се исплашив да не не ми стаса тесто, а и ја работев полноќно, па и размислувањето
не е солидно во тој дел од денот за вакво нешто) , па првиот ред ги ставив легнати покрај
ѕидот на тепсијата, но не беше некој страшен проблем. Пострашно беше што му
наваливме едвај изладена, па не ја сликав баш многу пристојно ... ама кај нас тоа и не е
прв пат, така да, се надевам сте не навикнале
Се покрива со фолија и се остава уште 15-20 минути да нарасни, па се мачка со
разматена жолчка и се поросува со сусам и ленено семе или афион.
Се печи на 200С околу 40на минути зависно од силата на рерната. Доколку брзо ја
темнее одозгора ставете алу или пек хартија.
Печената погача премачкајте ја со стопен путер или маргарин и покријте ја да подизлади
пред да се гостите уште топла ако сакате. Доколку минат 15на минути а немате
кандидати за јадење околу вас, извадете ја од тепсијата и ставете ја на решетка покриена
додека не доизлади, па приберете ја во ќеса