1
јун
2015
Фокача од ржано и бело брашно
Многу вкусна фокача, од 2 вида на брашно.
Со сиренце и луто пиперче-мераци
Прво во млаката вода ставете ги квасецот, шеќерот и малку брашно.
Промешајте, нека одстои 10 минути.
Потоа додадете ги останатите состојки.
Тестото е доста меко, па може ако сакате да го работите со миксер, со маталки за тесто.
Оставете го нека кисни 1 час.
Потоа нежно со намрсени раце распоредете го тестото во тавче за печење.
Ставете одозгора 1 лажица маслиново масло, оригано, рузмарин и покријте го со чиста крпа.
Нека стои уште 1 час, па се пече на 190 степени околу 30 минути.
На здравје
По желба додадете маслинки или шери домати.
Лиценца: Сите права се задржани