Подготовка:
Во суво тенџере ставате 1 полн филџан шеќер. Ставате го на рингла и мешајте додека се добие карамел. Карамелот истурете го во 4-6 садови (зависно колку се големи) или ако немате можe во еден сад сето тоа да оди. Работете со сад со кој лесно може да се става или користете ѓезве за претурање за да не капе наоколу. Изматете ги жолчките и кога ќе запенат додадете го шеќерот и солта па матете уште минута-две да се стопи шеќерот. Додадете ги млеката и екстрактот и изматете да се соедини. Смесата ќе е течна. Сипете од смесата во секој сад рамномерно и оставете нецел прст од рабовите, бидејќи со печењето нараснуваат. Ставете ги садовите во еден поголем и наполнете го со топла вода малку повеќе од половината на малите садови. Печете во загреана рерна од 170С околу 40 минути. Репер може да биде забоден нож во кремот кој кога ќе се извади треба да нема налепени наслаги на него. Извадете ги садовите од печениот Флан од водената бања, оставете ги да изладат до температура која ќе трпи да се стават во фрижидер и во него оставете ги 2-3 часа.

Сервирање
Одделете го фланот од ѕидовите со нож, ставете рамна чинија и превртете го садот со Флан врз неа. Затресете неколку пати за да падни парчето на чинијата. Уживајте, прекрасен е! Кој не сака многу благо, шеќерот во кремот можи да го намали или изостави.