Фантази кејк
Подготовка:
Најпрво се подготвуваат палачинките: Во вангла се ставаат јајцата и се разбиваат со шеќерот и ванилата, па се додава дел од млекото. Брашното и какаото се просејуваат и заедно со останатите суви состокји се меша и постепено со мешање се додава во јајцата. На крај се додава маслото и останатата количина на млеко, која можи да е со некој мл варијабилна од зададената и зависи од впивливоста на сувите состојки и густината која ја посакувате. Палачинките се печат на умерена температура и се прават малку подебели од стандардните. За оваа торта потребни се 15 палачинки. Готовите палачинки покријте ги со крпа или пак завиткајте ги во стреч фолија кога ќе подоладат за да не им се сушат рабовите додека се спрема кремот. Потребно е сосема да изладат.
Спремање на кремот
Јајцата, нишестето и 1 лажица од шеќерот се мешаат. Млекото со останатиот шеќер се загрева до пред вриење, односно кога ќе се појават меурчиња по страните. Пола од загреаното млеко постепено се тура во садот со јајца и нишесте и интензивно се меша. Потоа таа смеса се враќа во останатото загреано млеко и се вари до згуснување. Кремот се претура во друг сад за побрзо да излади и се покрива врз површината со стреч фолија за да не фати кора. Овошјето од компотот процедете го, а од водата задржете 200 мл. Во неа измешајте го желатинот и оставете да набабри. Набабрениот желатин загревајте го на многу ниска температура за да се растопи и потоа додадете го во сварениот и оладен крем и измиксирајте го за да се спои. На страна изматете ја слатката павлака, но не претерувајте, особено ако е растителна да се направи цврста и дојди како сирење. Измешајте ја павлаката со кремот.
Редење на тортата
Се предлага калап 24, а јас имав само 26 кој солидно се вклопи за оваа намена.
Најпрво се земаат 6 палачинки од кои со 5 се постилаат сраниците на калапот, при што дел виси надвор од него а дел го покрива дното. Со 6та палачинка се прекрива средината на дното. Врз тоа се ставаат 5-6 лажици од филот. За во средината се потребни 7 палачинки. Секоја се држи во раката или пак се става во чинивче за пудинг и се полни со по 3 лажици од кремот и во него се меша од овошјето од компот. Наполнетата палачинка се собира како вреќичка и се става врз филот во калапот, при што малку се натиснува за да се фиксира. Се редат така 6 палачинки покрај обрачот и седмата се става во средината. Одозгора се премачкува со фил, па се превртуваат/затвораат деловите од палачинките кои висеа и на крај одозгора се става уште една палачинка за да го затвори отворот во средина. Тортата се остава во фрижидер преку ноќ, па се вади обрачот, се украсува и се сече и служи.