Си се засладивме ние со овие меки уштипци, па еве да ви го споделам и рецептот бидејќи се баш вкусни.

Подготовка
Сувите состојки ги ставаме во сад. Овде го додаваме излупеното и изрендано јаболко. Ја додаваме и кората од портокал. Промешуваме и ја додаваме водата. Матиме со рачна маталка, а може и со миксер.
Ги пржиме во загреано масло.
Во маслото спуштаме од смесата со помош на две лажици. Со едната црпеме од смесата, а со другата ја спуштаме смесата внимателно во загреаното масло. Ги пржиме и ги вадиме. Кога ќе ги испржиме сите ги посипуваме со шеќер во прав

Забелешка
Маслото треба да ви е добро загреано, така нема да впиваат уштипците и ќе станат воздушести и меки.
Ако сакате во шеќерот во прав може да додадете и цимет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани