Урма бомбици
И со здравата храна, може да уживаме во празниците.
Јас спремив преубави бомбички кои ни се допаднаа.
Ајде да ја видиме подготовката.
Во блендер исецкајте ги овесните снегулки, сомелете ги како брашно.
Додајте им кокос и кокос масло.
Урмите потопете ги во вода да ги покрие само водата па ставете ги да зовријат.
Штом зовријат, поварат малку, омекнати испасирајте ги и додајте ги во кокосот.
Ставете и путер од кикирики и рум.
Месете да се соединатсостојките.
Ако има потреба додајте кокос.
Формирајте ги топчињата и валкајте ги во кокос.
Нека се стегнат и уживајте во вкусот.
На здравје.
Среќни празници
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови