Испечати

Урма бомбици

Урма бомбици

Состојки

  • 1 чаша од 200 мл овесни снегулки
  • 2/3 чаша кокос
  • 15парчиња урми без семка
  • 1лажица кокос масло
  • 1 мало лажиче рум
  • 1лажица путер од кикиритки

Подготовка

И со здравата храна, може да уживаме во празниците.
Јас спремив преубави бомбички кои ни се допаднаа.
Ајде да ја видиме подготовката.

Во блендер исецкајте ги овесните снегулки, сомелете ги како брашно.
Додајте им кокос и кокос масло.
Урмите потопете ги во вода да ги покрие само водата па ставете ги да зовријат.
Штом зовријат, поварат малку, омекнати испасирајте ги и додајте ги во кокосот.
Ставете и путер од кикирики и рум.
Месете да се соединатсостојките.
Ако има потреба додајте кокос.
Формирајте ги топчињата и валкајте ги во кокос.
Нека се стегнат и уживајте во вкусот.
На здравје.
Среќни празници