28
фев
2012
Туфахија
Во еден сад, се става сувото грозје со рум да отстојат околу 15 мин, во садот се додава шекерот, оревите, цимет и се меша со лажица смесата.
Јаболките се длабнат во средина, се чисти срцевината на јаболкото и се полнат со смесата.
Јаболките се стават во сад за печење, врз секоја јаболка се става малку путер.
Во садот се става врела вода, до пола јаболко да достигне водата.
Се печат 30 мин. на 200 степени во претходно загреана рерна.
Јаболките се ладат, потоа се сервират одозгора со малку прав шекер и јатки ореви.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови