Подготовка:

1. Од сите наведени состојќи се замесува тесто, на помеко и се остава да стаса.

2. Откако ќе стаса, се дели на два дела, на две топки. Топките се ставаат во тава, на пек хартија и се оставаат повторно да стасаат. Откако ќе стасаат се растегнуваат со рака, се премачкуваат со јајце и по желба може со сусам да се попрскаат или друго.

3. Се пече на загреана рерна на 220 степени, првите 10 минути, а потоа се намалува на 200 степени и така се пече уште 15-ина минути. Последните 7-8 минути може да се покрие со алуминиумска фолија, да не изгори горниот дел. Многу е мек после печењето, воопшто нема тврда кора.

Добар апетит.

*Забелешка - За сите состојки, мерката е чаша од 200мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови