Турлитава
Старо, традиционално македонско јадење кое се подготвува со ќеф и љубов.
Јас најпрво месото малку го подварувам, околу половина час, во посолена вода.
Во тенџере, на масло, запржете го подвареното месо па тргнете го настрана.
Во истото масло ставете го го да се пржи кромидот, исечен на покрупни парчиња. Додајте го лукот во цели чешниња, па морковот исто исечен на покрупни парчиња. Нека попржи малку, па додавајте ги постепено пиперките, па компирите, црните патлиџани, тиквичката, а бамјата на крајот. Прелијте ја цела смеса со сосот од домати (или исечкани домати), ставете го виното, водата, зачинете, додајте црвена пипер и претурете го во земјен сад со капак. јас под капакот ставам и фолија.
Нека се пече во загреана рерна 2 до 2 и 1/2 саати. Ова е бавно јадење, му треба повеќе време да искрчка. На почетокот рерната е загреана на 200 степени, а кога ќе почне да вари намалете ја на 170.
Со чаша убаво македонско, црно вино задоволството ќе биде огромно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови