Тулумба благо
Во тенџере на оган ставте ја водата и маслото да почнат да вријат. Откако ќе почнат да вријат додајте го брашното и мешајте постојано додека да се изедначи смесата.
Тестото оставте го да се излади. Во изладеното тесто додајте ги 3 јајца и 15-20 мин со рака разработувајте ја смесата. Откако ќе ја разработате со две кафени лажичиња земајте од смесата и ставте ги на плех намрсен со масло. Ставте ги да се печат на претходно загрена рерна од 180С-200С додека да добијат златно кафеава боја.
Во меѓувреме подтответе го шербетот. Во тенџере на оган ставте го шеќерот и водата и мешајте додека да почне да врие.Откако ќе зоврие тргнете го од оган и оставте го да се излади. Изладените форми од тестото ставте ги едно по едно во шербетот, па ставајте ги во плех откако ќе завршиете со сите преостанатиот шербет накапете го над сите форми. Добар апетит...
Лиценца: Сите права се задржани