Еве еден рецепт за еден едноставен, декоративен, а пред се превкусен куглоф, го правам со години.

За 1 и 2 дел
6 жолчки и 1 цело јајце се матат со 6 лажици шеќер и 1 ванила, потоа се додава 6 лажици масло, 6 лажици вода или млеко, 6 лажици брашно и 1 пециво. Од оваа смеса пола се истура во намрсен куглоф (со маргарин) и се става да се печи во загреана рерна на 200 степени. Откако ќе се испечи првиот дел се додава вториот во кој предходно ке додадеме 1 лажиче какао. Вториот дел се печи на 180 степени.

За 3 дел
6 белки се бијат со 6 лажици шеќер, откако ќе се добие цврст снег од белки се додава 6 лажици масло, 6 лажици брашно, пола пециво, 100гр сецкани ореви. Третиот дел се печи на 150 степени додека не добие златна боја. Откако ќе се испечи се превртува на чинија и се декорира со шеќер во прав или чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови