Три Лече
Во сад издвојте ги белките од жолчките. Белките избијте ги со миксер и постепено дојдајте го шеќерот и ванилиниот шеќер. кога добро ќе се измати додајте 1 по 1 јајце и матете додека не добиете густа пенеста смеса. Додајте ги брашното и прашакот за пециво и мешајте полека со лажица. Готовата смеса турете ја во подмачкан плех и печете во загреана рерна на 220 степени. кога ќе се испече се превртува од плехот и се остава да олади. Во плехот каде што се печеше кората турете ја слатката павлака и над неа ставете ја оладената кора, оставете да впие неколку минути. Во меѓувреме млекото во прав и 0.5 л млеко помешајте ги за да нема грутки. Така добиената течност без грутки додајте ја во 1.5 л млакото млеко, па прелијте ја кората со млекото. Оставете во фрижидер да се олади и послужете со карамел прелив или ако неможете да најдете купете карамел бомбони и стопете ги .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Како треба да изгледа преливот со млекото во прав и дали може да се замени со нешто друго како густин или поредок пудинг?
Благодарам :)
поздрав