Тофуто се сече на парчиња во саканата форма. Потребно е парчињата да се дебели најмалку 1 цантиметар за да се не распадне при подготовка.
Маслото се става во тавче, откако ќе се загрее се става кимот, кога ќе се почувствува аромата на ким се додава тофуто (кимот може да го отсраните од тавчето па само маслото да има арома, или пак да остане и да се залепи за тофуто- вторава опција е по мене подобра). Се пржи од сите страни додека не заруменат краевите на сирењето (тофуто не потемнува целосно, само на делови). Штом се испржи од две страни се додава соја сосот и се допржува. Се сервира со лепчиња со лук, брускети, зачини...

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови