1. Белките се оддвојуваат од жолчките. Белките се матат со шеќерот на снег.
2. На смесата со белки и шеќер се додаваат жолчките и се матат внимателно.
3. Се додава брашното и кората од еден лимон и се промешува да се соедини.
4. Смесата се става во тавичка со хартија за печење и се печи за кратко на 180 степени.
5. Готовата кора се завиткува во мокра крпа и се остава да се олади.
6. Од кората со модла се сечат цветчиња се премачкуваат со мармалад и се залепуваат едно со друго или се оставаат незалепени, мармаладот во овој случај е од сини сливи.

Забелешка
- од кората може да си направите и ролат со мармалад.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови