Оваа торта сакав да ја направам со корите за торта од Винчини, но бидејќи не најдов од темните кори во неколку маркети (имаше само од светлите), си купив тортици и тоа чоколадирани кои ги искористив како пандишпан. Тортата ја направив со мојот омилен чоколаден фил и можам да кажам дека е совршена. Искористив 14 тортици, толку имав, некој ми ги отворил тортиците и си лапнал неколку хехеххее. Овој фил го обожавам зашто нема маргарин, нема јајца, а е превкусен. Вие може да си изберите какви сакате тортици, овие беа со фил од боровинка, а и со готовите кори на Винчини би била прекрасна..

Подготовка
Прво подгответе го филот. Кратко загрејте ја слатката павлака заедно со чоколадото и кремот додека не се растопат заедно. Немојте да варите, само нека се растопат и убаво измешајте. Додадете рум по желба. Веднаш ставете го кремот да се лади, јас директ го ставам во замрзнувач.

Тортиците поделете ги на средина по хоризонтала.

Наредете 10 парчиња како основа.

Нанесете 1/3 од оладениот и згуснат крем. Нанесете и мелени/кршени лешници.

Потоа наредете уште 10 парчиња половинки тортици, нанесете фил и наросете лешници.

На последниот ред наредете 8 тортици со мала оддалеченост, така тортата ќе биде поефектна и рељефна во изгледот одозгора. Нанесете го остатокот од кремот, можи да премачкате и по страните, а и не мора ако користите чоколадирани тортици.

Наросете лешници и декорирајте по желба. Јас сакав и шлаг крем од чоколадо да нанесам за да го збогатам изгледот, но бидејќи имав само бел ја оставив ваква каква што е.

Ставете ја во фрижидер нека се стегне убаво. Можи да се послужи како парчиња торта или како коцки.

На здравје.