Торта Чоко-Портокал
Ја обожавам мешавината на чоколадото со портокалот, затоа си ја направив оваа торта и излезе многу убава.
1. Бисквит
Најпрво ги матиме белките и кога почнуваат да се згуснуваат го додаваме шеќерот. Кога се убаво изматени ги додаваме претходно промешаните мелени лешници и шеќер во прав. Мешаме со шпатула внимавајќи да не одпаднат белките.
Со готварски шприц на тепсија со кујнска хартија правиме кругови и печеме на 180-200° околу 15-20мин. (Види слика)
2. Англиски крем со портокал
Најпрво го ставаме желатинот во многу ладна вода да омекне.
Во длабок сад ги матиме жолчките, јајцата и шеќерот. Во тенџере на оган ја ставаме павлаката со ванилата и изренданата кора од 1-2 портокали. Кога павлаката е топла претураме малку во смесата со јајца матиме и претураме се во тенџерето на оган. Вариме на 83° ако имате термометар ако не кога почнува да згуснува го претурате во сад настрана за да не ви направи грутки, го додавеме претходно прецедениот и убаво истискан желатин, промешуваме и претураме во калапи ако имате, ако не во тепсија со фолија и го оставаме во замрзнувач убаво да се стегне.
3. Чоколаден мус
Во мало тенџере на оган го ставаме шеќерот со водата да зовријат и го тргаме на страна да се олади.
Потоа во сад или во миксерот ако можете ги ставаме јајцата, жолчките и шербетот и го ставаме на пареа со постојано мешање. Вариме на 83° и потоа го матиме во миксер се додека не се олади и јајцата да бидат убаво изматени.
Додека јајцата се матат, чоколадото го растопуваме, да не биде многу ладно, ни многу топло (околу 45°), да биде течно.
Додаваме малку изматени јајца во чоколадото, промешуваме брзо и го додаваме и остатокот, на крај ја додаваме претходно изматената павлака и промешуваме да се соединат сите состојки.
Филување на тортата
Најпрво во калап го ставаме бисквитот малку помал од калапот, потоа ставаме малку од мусот насекаде од страните и врз бисквитот, го ставаме убаво изладениот (може и замрзнат) англски крем и на крај завршуваме со мусот. Го ставаме во замрзнувач убаво да се стегне.
Декорираме по желба, јас ја прелив со готов чоколаден прелив и ставив парчиња портокал со чоколадо.
Забелешка
Јајцата ги пастеризираме на 83°, јас во сите мои рецепти ги пастеризирам затоа
што во јајцата може да има многу штетни бактерии кои умираат на 83°.
Учам за слаткар затоа сум информирата за овие работи
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови