За сите љубители на кафе, вкусна и здрава торта. 1ви Октомври беше меѓународниот ден на кафето.

Подготовка:

1. Основа- во блендер ги ставаме кокосовите трошки и ги блендираме ( доколку имате појак блендер ќе се иситнат скоро како брашно, но и да останат покрупни не е проблем ). Ги додаваме оревите и блендираме додека да се иситнат. Ги ставаме во длабок сад.
2. Во сад, над пареа, го топиме темното чоколадо со кокосовото масло. Во садот со кокос и ореви ги додаваме какаото, рум аромата, стопеното темно чоколадо и кокосовото млеко. Мешаме да се соединат состојките. Смесата ја ставаме во калап со димензии 20х20, претходно обложен со хартија за печење. Ја натапкуваме смесата со лажица.

3. Фил- Во блендер ги ставаме урмите. Блендираме. Инстант кафето го раствораме со топлата вода.
Во блендерот со урми го додаваме кокосовото млеко, растопеното инстант кафе, какаото и путерот од кикиритки. Блендираме. Смесата ја ставаме врз основата. Оставаме во фрижидер да стои неколку часа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани