Подготовка

1. Бадемите сомелете ги. Потоа додајте ги сите состојки за основата во процесор за храна или сецко и обработете до соединување. Тестото натапкајте го на дното од калап за чизкејк (23цм). Ставете го калапот во фрижидер.

2. Сите состојки за ганажот додајте ги во блендер и обработете ги. Истурете го ганажот врз подготвената основа и вратете го калапот во фрижидер.

3. Додајте ги сите состојки за филот во чист блендер. Кокосовото млеко треба да биде отстојано во фрижидер најмалку преку ноќ и да биде одвоена водичката од цврстиот дел. Искористете го само цврстиот дел од млекото. Обработете, додека да добиете мазна, единечна смеса. Потоа додајте ја во калапот за чизкејк врз ганажот. Оставете во фрижидер преку ноќ. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани