Испечати

Торта со боровинки и ганаж (посно, веган)

Торта со боровинки и ганаж (посно, веган)

Состојки

  • Основа
  • 100г бадеми
  • 100г овес
  • 50г кокос
  • 2 лажици кокосово масло (растопено)
  • 8-10 урми (без семки)
  • Ганаж
  • 250мл агаве сируп
  • 90г какао
  • 90г кокосово масло (растопено)
  • прстофат сол
  • Фил со боровинки
  • 250г индиски ореви (отстојани во вода преку ноќ)
  • 200г боровинки (одмрзнати)
  • 1 конзерва кокосово млеко (само цврстиот дел)
  • 3 лажици кокосово масло (растопено)
  • 5-6 лажици јаворов сируп (или агаве)
  • 2-3 лажици лимонов сок
  • прстофат сол

Подготовка

Подготовка

1. Бадемите сомелете ги. Потоа додајте ги сите состојки за основата во процесор за храна или сецко и обработете до соединување. Тестото натапкајте го на дното од калап за чизкејк (23цм). Ставете го калапот во фрижидер.

2. Сите состојки за ганажот додајте ги во блендер и обработете ги. Истурете го ганажот врз подготвената основа и вратете го калапот во фрижидер.

3. Додајте ги сите состојки за филот во чист блендер. Кокосовото млеко треба да биде отстојано во фрижидер најмалку преку ноќ и да биде одвоена водичката од цврстиот дел. Искористете го само цврстиот дел од млекото. Обработете, додека да добиете мазна, единечна смеса. Потоа додајте ја во калапот за чизкејк врз ганажот. Оставете во фрижидер преку ноќ. На здравје!