Торта Слатко искушение
Оваа торта има многу нежен пандишпан и фантастичен крем, затоа го носи така името. Пробајте да направете, нема да се згрешите. :)
1. Јајцата и шеќерот се матат со миксер. Брашното, какаото и пецивото се промешуваат и полека се додаваат кон јајцата и се меша со лажичка. Смесата ја ставаме во тава бр. 22 , кое е премачкано со масло и се печеме на 180 степени 30-40 минути. Пандишпанот треба да се излади 1 до 2 часа.
2. Од одмрзнатите вишни сокот се чува настрана, а вишните се посипуваат со шеќер во прав.
3. Крем. ХСлатката павлака се матиме со миксер, потоа се додава шеќерот и павлаката и пак се мати додека не се растопи шеќерот.
4. Од изладениот пандишпан долниот дел се двои со дебелина од 1.5 см , а горниот дел се сече на коцки со дебелина по 3 см.
5. Ја збираме тортата. Долниот дел од пандишпанот се попрскува со претходно оставениот сок од вишните (6-7 лажички), се премачкува со крем и одозгора се додава половина од вишните и оревите. Коцките од горниот дел од пандишпанот се валкаат во кремот и потоа се нанесуваат на тортата во еден ред и се додаваат половина од останатите вишнии ореви. Тортата се формира во облик на купола.
Потоа пак се редат извалканите коцки и се додаваат останатите вишни и ореви. Тортата се завршува со редење на останатите извалкани во крем коцки и се премачкува со останатиот крем.
6. Глазура. Путерот и чоколадото се топат на водена пареа и со помош на кујниски шприц се нанесуваат врз тортата. За украс на тортата се додаваат ореви. Слаткото искушение треба да се излади 3 до 4 часа. :)
Наместо вишни јас употребив замрзнати цреши за да тортата добие благ вкус наместо кисел.
Лиценца: Сите права се задржани