Превкусна торта што не се пече.
На интернет има повеќе варијанти за подготовка на оваа торта, па еве и јас со слична варијанта.
Па да почнеме
ЗА ЖОЛТ ФИЛ
Го ставаме млекото на оган (околу 900мл) да се загрее, додека во останатите 100мл го мешаме пудингот, густинот, шеќерот и ванилата.
Смесата пополека ја ставаме во малу загреаното млеко и мешаме додека не се згусне. Подготвувањето е едноставно.
Во топлиот пудинг ја ставаме белата чоколада и мешаме додека целосно не се растопи. Пудинг со чоколада...мм мислам дека повкусно не може да биде.
Ваквиот крем оставете да се излади на собна температура.
Омекнатиот маргарин (путер) изматете со шеќер во прав, па додадете го изладениот пудинг крем. Тргнете на страна.

ЗА БЕЛ ФИЛ
Шлаг кремот изматете го киселата вода, да, можеби чудно, со кисела вода, но верувајте дека резултатот е вистинска вкусотија.
Откако ќе добиете крем, додајтеја киселата павлака и кратко изматете, колку да се измешаат состојките.

ФИЛУВАЊЕ
Розен кората ставете ја на рамна површина или тацна, ставете жолт фил, па преку него малу бел фил.
Повторете ја постапката додека не ви се потроши цееелиот материјал, бааги го има.

Највкусна е кога ќе ја оставите во фрижедер на преноќи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови