Ова е поедноставен начин на подготовка на тороне, меѓутоа резултатот е едноставно фантастичен.
Фстаците ги сечеме на половинки, а добро е ако успеете и да ги излупите.
Кајсиите ситно ги сецкаме.
Садот во кој ќе го ставате десертов најдобро е да го обложите со пек хартија или да го намачкате со тенок слој масло.
Чоколадото стопете го на пареа и кога е стопено додадете ги фстаците, боровницата и кајсиите.
Убаво измешајте и една половина истурете во садот оставете некоја минута, па додадете ја другата половина.
Десертот оставете да се излади на собна темперетура и потоа сечете парчиња или едноставно искршете ги и уживајте!
*Торонето е типичен италијански десерт меѓутоа вака подготвено пробав во Шпанија каде го служеа под името Турон. Секако е превкусна комбинација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови