
21
мај
2015
Топчиња со кокос (посно)
Преедноставен, превкусен и стар рецепт за колачиња кои многу брзо се прават, а исто така и брзо се јадат.
Се меси тесто од брашното, маслото, водата и пецивата. Се остава да стои 10 тина минути. Се прават топчиња, внатре се става по една јатка орев и се редат во намрсен плех.
Од оваа доза излегуваат околу 60 топчиња. Се печат во загреана рерна на 200 степени додека не поруменат. Се оставаат да се изладат, а потоа им се додава врел шербет. Се оставаат да примат неколку саати и се посипуваат со кокос.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови