
Телешка тава со сос од јогурт
1. Месото го сечкаме на парчиња. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и ги пржиме на растопениот путер во тенџере на оган. Кромидот ситно ги сечкаме и го додаваме во тенџерето. Откако кромидот ќе омекне додаваме 500 мл вода, го покриваме со капак и вариме 45 минути.
2. Морковот го сечкаме на полукругови и го додаваме во тенџерето. Промешуваме и вариме додека не омекне. Го додаваме грашокот и откако ќе омекне го тргаме тенџерето од оган. Парчињата месо ги ставаме во земјана тава.
3. Во длабок сад со жица ги мешаме брашното и јогуртот. Јајцата ги кршиме, белките ги оставаме во сад на страна, а жолчките во садот со јогурт и брашно. Промешуваме и ја додаваме смесата во тенџерето со зеленчукот и го враќаме на оган и непрекинато мешајки вариме додека не ја добие потребна густина.
4. Смесата ја нанесуваме во земјанта тава и ја печеме 40 минути на 200 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови