Тарт со јаболка и ореви
Во длабок сад ставете ги брашното, жолчките, шеќерот, пецивото и ванилите.Додадете го омекнатиот путер и убаво измесете го тестото со раце со постојано додавање на водата. Кога ќе добиете убаво мазно тесто покријте го со најлонска фолија и оставете го 1 час во фрижидер. Кога ќе го извадите од фрижидер со сукало се сучи кора малку поголема од калапот и краевите убаво ги стискаме.
За филот најпрво белките ги биеме во цврст снег заедно со шеќерот и и потоа го додаваме румот.Филот го тураме над кората ги редиме јаболката сечени на парчиња и ги наросуваме со цимет и оревите.Печиме на 180 степени околу 20 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови