Сусамки со Мед (без шеќер)
Овојпат решив да ви го споделам рецептот за добро познатите и верувам омилени на многумина од вас...сусамки, ама поздрава варијанта од нив, бидејќи не содржат шеќер. Во друга прилика ќе ви го споделам и рецептот на класичните сусамки со шеќер.
1. Ги ставаме сусамот и медот во тенџере, ја уклучуваме ринглата на средна температура ( кај мене на 3-ка од вкупно 6 ) на тивок огин и мешаме цело време со дрвена лажица се додека да добие сусамот златна боја.
2. Одприлика одкога ќе почне да се топи медот пржете 10-на минути.
3. Добиената смеса веднаш ја истураме врз мрсна хартија за печење (подолго исечена) за да може да преклопите со неа врз смесата.
4. Израмнуваме со оклагија и веднаш сечеме парчиња со големина по ваша желба.
Совет - Сечете со остар нож директно врз хартијата, за да не ви лепи смесата на ножот.
По желба можете да додадете некој вид на семки по ваша желба, ореви, сончоглед и слично....имам пробано со сончоглед 30-40гр превкусни беа.
Овие сусамки се помалку благи и помеки од класичните, но сепак се доволно цврсти.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови