Супа со кнедли од мелено месо - 2
Подготовка
Кнедличките
Во сад ставете го меленото месо, додадете во него половина од средно по големина кромид многу ситно насецкана или пак на ситната страна од рендето изрендан, 1 супена лажица ориз, на вкус бибер и сол, можете да додадете било која зачинка друга вие ја сакате - магдонос или чубрика. Додадете една белка и измесете убаво. Од добиената смеса формирајте мали кнедлички (топченца) веднаш ставајте ги во подлабок тањир со
брашно. Валкајте ги во брашното.
- Во садот во кој ќе ја приготвувате оваа супа ставете околу 2 л. вода, овкусете ја со зеленчуков бујон или едноставно осолете на вкус, додадете малку бибер во неа и ставете на оган да проврие. Кога зоврела водата пропуштајте ги кнедличките во истата едно по едно, внимателно малку пробркајте за да не бидат на дното залепени. Нека почнат да се варат, а за тоа време ситно исецкајте го едниот морков и останатата половина кромидот, додадете ги и нив. Откако ќе почне сето задно да врие, намалете огнот сосема на тивко, додадете го остатокот од оризот и нека вари на тивко околу 30 мин., за кое време вие ќе го приготвите легирот.
Легир
- Во подлабок сад ставете го киселото млеко и убаво го разбркајте за да нема грутчиња. Додадете ги двете жолчки, повторно бркајте, за да на крајот ги ставите тие 2 лажици брашно - избркајте.
Исто така имате време да изрендате на ситната страна од рендето другиот морков и на маслото ставете да го пржете.
- Кога е варено зацрпете од супата и ставајте полека во легирот и за цело време разбркувајте го. Така додадете неколку црпалки постојано бркајки го легирот, за да после истиот го вратите назад во тенџерето исто така во неколку наврати - повторно разркувајки сега во тенџерето. Така ќе обезбедите да биде кремаст и еднообразен без да се пресече и претвори во грутчиња. Нека проврие заедно пак на некоја минута за да се сварат жолчките и брашното, додадете повторно бибер, тргнете и попарете ја готовата супа со пржениот морков кој веке на маслото му дал прекрасна жолта боја.
Останува да пробате - да дозачините по ваш вкус и нека ви е на здравје.
НАПОМЕНА
- За да ви е полесно околу кнедличките откако ги формирам ги ставам на тацна посипана со брашно и одозгора ги поросувам со брашно преку цедалката за чај.
- За да легирот ви биде совршен - секогаш користам блендер.
Лиценца: Сите права се задржани
Ne sum. Proverila dali Se tuka ili Se izbrisani
I ovaa ubava
Sekoj recept si ima svoj beleg
I kaj nas mn cesto na meni
Bas pred nekoj den imavme corbicka so covtenca