Брз зелник, нема премачкување на корите со маргарин или путер, предиплување едноставно само сучење колку што може по тенко.
Подготовка
Брашното го просејуваме на средина правиме дупка во која го подмесуваме квасецот со малку млака вода и шеќер. Додадете го маслото и солта по краевите и замесете убаво мазно тесто кое ќе се одлепува од садот. Количеството на вода која ви ја пишав секогаш варира вие спремете си околу половина литар топла вода и полека замесувајте. Секое брашно има различна влажност, па со тоа и количеството на впивање е различно.
Откако замесивте оставете го да стасува половина час покриено на топло.
Во меѓувреме празот исецкан пропржете го со малку масло и додадете ја урдата на крај скршете ги јајцата и зачините се промешајте.
Тестото откако ќе стаса го делиме на три топки една голема за првата кора, втората со средна големина и третата најмала. Оставаме десетина минути да подстасаат...
Секоја кора со сукало ја развлекуваме колку што можеме потенко почнувајќи со најголемата. Расуканата кора ја ставаме во големата тава за печење краевите кои ни излегуваат преку тавата ги мотаме во ролат по краевите. Истата постапка ја повторуваме и со втората кора, но врз оваа кора рамномерно го нанесуваме филот. Врз филот ја ставаме третата најмала кора на истиот начин како што ги ставивме и предходните две.
Печеме на 200степени половина час додека не добиеме убава златна боја. Зелникот во овој случај го премачкав со малку масло и јајце и посолив сусам.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови