22
јул
2013
Сукан ролат
Замесуваме тесто од кое расукуваме голема кора. Се мачка со омекнат маргарин и се витка во ролат. Ролатот го сечиме на еднакви парчиња и секое парче се расукува, па пак се мачка со маргарин и се става фил во случајот сирење, може да се стави и спанаќ, салама, по желба. Виткаме како ролат и оставаме малку да потера. Одозгора премачкуваме со јајца, ставаме сусам и тураме превриено масло.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови