Стекот исечете го на коцки. На загреано масло запржете го ситно исецканиот кромид и лук. Додајте го и стекот, солта, мешаниот сув зачин и биберот. Пржете додека стекот зарумени.
Додајте ја мариниранадата од шампињоните и ситно исечканите шампињони. Додајте 250 мл. топла вода и оставете да крчка со покриено тенџере. Нека крчка 5 мин. Ако водата многу испарила додајте уште малку топла вода. Да се подолати и служете.

Може да ставите и свежи шампињони, исто така може да ставите и повеќе стек и печурки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови