Стек во сос од павлака и сенф
Брз и едноставен ручек, погоден за оние, кои и на овие горештини, не можат без месо.
1. Најпрво стекот се сечи на помали парчиња, се посолува, па се става зачин и мелен бибер по вкус и на крај парчињата стек се премачкуваат со малку сенф. Вака подготвениот стек се остава да отстои околу два часа.
2. Парчињата стек потоа се пржат на загреано масло, убаво да заруменат. Откако ќе заруменат се тргаат на страна, а во друго тавче, на загреано масло прво малку се пропржуваат печурките, па потоа се враќа и стекот.
3. Павлаката се разматува со малку вода и се истура во тавата со стек и печурки. Се остава сосот да искрчка на тивок оган и повторно во него се става малку сенф и мелен бибер.
4. Доколку, забележете дека густината на сосот е ретка, слободно можете да додате малку густин, разматен во половина филџан вода и да оставите сосот убаво да се згусне.
На здравје!
Забелешка- не претерувајте премногу со сенфот бидејќи сосот може да ви добие изразено киселкаст вкус.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови