Прекрасен, здрав и вкусен ручек кој е убаво барем неколку пати месечно да го имате на трпезата поради тоа што е многу нутритивно богат. Многу е лесно и едноставно за правење, а вкусот е прекрасен во комбинација со кисело млеко!

Подготовка -
Најпрво спанаќот убаво го миеме и сецкаме ситно. Кратко го обаруваме-додека да омекне.
Во тава на загреано масло го пржиме кромидот додека да омекне, па го додаваме спанаќот и оризот (претходно истребен и измиен) Додаваме вода колку да се прелее спанаќот (одприлика соодносот треба да е 3 спрема 1...3 дела вода, 1 дел ориз) Посолуваме по вкус.
Ставаме да се пече во загреана рерна на 250 степени.

Забелешка - по желба кога ќе биде прикрај со печењето можете да ставите и јајца одозгора и печете уште кратко додека да се запечат јајцата.
Послужете со кисело млеко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани