Солен колач со печурки
Јајцата се матат убаво со прстофат сол.
Кога смесата ќе стане густа се додава маслото и јогуртот.
Во брашното се меша пецивото и се додаваат во смесата.
Мелените семиња исто така одат во садот и благо се промешува.
Краставичките, печурките, маслинките и морков се блендираат и таа смеса се додава во садот.
Миксерот исклучен и благо промешајте.
Калапот намастете го со путер и наросете го со ленено семе.
Истурете ја смесата и повторно наросете ленено семе.
Рерната нека ви е загреана на 200 степени. Кога ќе ставите да се пече, намалете на 150 и оставете 30 минути.
Потоа проверете дали е печено. Ако е готово извадете од рерна и оставете да излади.
Сервирајте со павлака или само така на листови марула.
На здравје.
Филџан = 130мл
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови