Солен козињак
Во топло млеко се раствора квасецот, со 2 те лажици шеќер и 3 те лажици брашно. Се остава да надојди квасецот, да се активира.
Во садот за месење се става брашното (по потреба можи да се додади),солта, 4 те јајца, маслото, надојдениот квасец и се замесува средно меко тесто. Откако убаво ќе се измеси, се премачкува со масло и покрива со најлонска фолија. Се остава на топло место, тестото двојно да го зголеми волуменот.
Стасаното тесто се дели на 3 дела.
Во едниот дел се става - црвен пипер, во вториот дел - спанаќот, а во третиот дел - сирењето.
Потоа секој дел се дели на по 4 помали дела, од кој се прават долгунести форми и се плетат козињаци.
Се оставаат повторно да надојдат, некои 15-20 мин. Пред печење се премачкуваат со јајце.
По желба можи да се нароси сусам.
Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 40 мин. ( или во зависност од вашата рерна).
После печењее се премачкуваат со по малку маргарин...
Се покриваат со памучна крпа и најлон.
Со чаша јогуртче, милина....
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани