Слатко-солена варијанта на кнедли...Интересен спој, а солта од крекерите само го интензивираше вкусот на слатко во кнедливе...

Подготовка
1. Водата со прстофат сол и путерот ја ставаме да зоврие. Го ставаме путерот да се растопи и го додаваме инстант компирот. Интензивно мешаме за да се соедини смесата и кога ќе се згусне ја тргаме на страна да се излади.
2. Во меѓувреме ги подготвуваме урмите за полнење. Јатките ореви ги делиме во големина која ќе ја собере во урмата и ги затвореме урмите.
3. Изладеното пире го соединуваме со мелените крекери и брашното. Кинеме парчиња од смесата формираме топка, па ја расплескуваме на дланка. Во средината ставаме полнета урма, затвораме и формираме топка или форма по желба.
4. Ставаме вода да врие, откако ќе почне да врие, ги ставаме кнедлите да се сварат.
5. Откако ќе испливаат на површина ги вриеме уште 1-2 минути и ги вадиме.
6. Ги валкаме во мелени крекери и ги посипуваме со шеќер во прав.