Солени лути коцки со ајвар и праз
Предлог за претстојните празнични денови...
Во вангличка ги ставаме јајцата, солта, биберот и матиме додека смесата не побели.
Потоа со исклучен миксер ги додаваме маслото и јогуртот.
Лесно соединуваме.
Сега ги додаваме ситно сецканото сирење, праз, морков и ајвар.
Додаваме просеано брашно и пециво.
Со шпатула ја соединуваме убаво цела смеса.
Ја истураме во плех, кој претходно танко е премачкан со масло и наросен со брашно.
Посипуваме сусам одозгора.
Печиме околу 30 минути во загреана рерна на 180 с.
Оставаме да се излади испечениот солен колач.
Потоа го сечиме на половина.
Првата половина ја премачкуваме со кисела павлака.
Поклопуваме со другата половина.
Сечеме коцки, кои ги декорираме со кисела павлака,мелен орев. семки од тиква...
Користена е чаша од 200 мл
Лиценца: Сите права се задржани