19
мај
2018
Солени кекси со магдонос и кашкавал
Најпрво измешајте ги течните состојки.
Брашното измешајте го со пецивото.
Ливчињата магдонос ситно исечкајте ги.
Измешајте ги сите состојки, ако е потребно брашно, додадете уште малку.
Додадете го кашкавалот и формирајте топка. Не треба многу месење.
Тестото не треба да е лепливо.
Кинете топчиња, ставете ги на плехот, притиснете ги со чаша и украсете ги со вилушка.
Печете на 170 степени, десетина минути, благо да поруменат.